Екстренерот на Несторовски ќе го води Марсеј

Олимпик Марсеј го разреши тренерот Хорхе Сампаоли и го заменува со хрватскиот стратег Игор Тудор.

Тудор треба да потпише двегодишен со францускиот гигант, соработката наскоро ќе се официјализира. Минатата сезона му беше успешна со Верона во Серија А, Тудор беше блиску до пласман во европските купови, за на крајот Верона да заврши на респектабилното 9-то место.

Една сезона претходно му беше асистент на Пирло во Јувентус, додека во 2019 година одреден период ги водеше Удинезе и Илија Несторовски. Хрватот во кариерата има работено Хајдук, Карабукспор, ПАОК и Галатасарај.

- Оглас -

Најнови вести