Ел Тигре повторно „гризе“, Рајо го нокаутираше Билбао во 96-тата минута

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао и на вториот настап за Рајо Валјекано од клупата за резерви влезе на терен и даде гол, а разликата е што овојпат погодокот е со глава, на гости, и за победа од 2-1 над Атлетик Билбао. Фалкао, кој во минатото играше и за Атлетико Мадрид, против Баскијците има 8 гола на пет меча.

Фалкао влезе во игра во 76-тата минута, а голот го даде 20 минути подоцна, во последните секунди од натпреварот. Откако Столе Димитриевски застана на голот на Рајо, тимот најпрвин загуби минимално, но оттогаш има три победи и еден нерешен резултат во последните четири кола. За Атлетик ова е прв пораз сезонава и прв пораз на новиот „Сан Мамеш“ од Рајо Валјекано.

Вечерва Леванте без повредениот Енис Барди загуби од Селта. Леванте има серија од 14 меча без победа во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести