Елингтон пак трча и тоа брзо – Пред две години преживеа страшна сообраќајка, се врати со 10.93 на 100 метри

Џејмс Елингтон не се откажа по страшната сообраќајна несреќа во јануари 2017 година и по повеќе од две години се врати на атлетската патека со одличен резултат од 10.93 на 100 метри.

На Елингтон му предвидуваа дека веќе нема да може да се натпреварува, дури под знак прашалник беше и дали ќе може да оди повторно, но тој беше упорен, покажа челична волја и по цели 30 месеци повторно беше на тартанот.

Во Лондон заврши како деветтопласиран со време од 10.93 на 100 метри, што во неговиот случај е резултат за респект. И веднаш најави дека ќе биде подготвен за Олимписките игри во Токио во 2020 година.

Дури петтмина спринтери имаа резултат под 10 секунди, а победи Акани Симбине од Јужна Африка со време 9.93 секунди.

- Оглас -

Најнови вести