Елмас доби конкуренција, Наполи се засили со играч од Фулам

Наполи го доведе Андре Франк Замбо Ангиса од Фулам на едногодишна позајмица, со опција неговиот договор од англискиот второлигаш да се откупи за сума од 15 милиони евра.

Камерунскиот репрезентативец е само второ засилување за екипата на Лучијано Спалети за ова лето, претходно во Неапол пристигна Хуан Жезус од Рома како слободен играч, а трансферот на Матео Политано од Интер беше договорен уште на почетокот од оваа година.

Ангиса треба да претставува засилување во средниот ред, што значи дека се зголеми конкуренцијата за Елиф Елмас, кој пак на стартот од сезоната покажа дека Спалети може да се потпре на него и доколку продолжи со добрите игри ќе има сигурно место во почетниот состав.

- Оглас -

Најнови вести