Елмас ги искористи минутите и придонесе за декласирањето против Рома (видео)

Наполи го доби дербито против Рома со убедливи 4-0, кое беше во знакот на Диего Марадона. Се оддаваа почести за починатата клупска легенда и фудбалска икона, па фудбалерите на Гатузо беа максимално инспирирани да триумфираа на „Диего Армандо Марадона“.

Дебаклот врз Римската волчица го почна капитенот Инсиње со фантастичен погодок од слободен удар во 30-тата минута, додека останатите голови се случија по еден час игра.

Руис со шут од далечина го совлада Миранте, а по влегувањето во игра во 78-мата минута, Елиф Елмас максимално ги искористи минутите. Веќе во првата акција во која се најде, Елмас шутираше од околу 20 метри, а одбиената топка ја стигна Мертенс за зголемување на 3-0, додека во 87-мата минута Политано го постави конечниот резултат.

Наполи на тој начин закрепна по поразот од Милан и го запиша шестиот триумф во Серија А, по кој застана на петтото место со 17 бода, израмнувајќи се со Рома.

- Оглас -

Најнови вести