Елмас го понесуваше еуфоријата, картоните ги доби на историските мечеви кои ги реши

За жал, во првиот од можните два бараж-мечеви за пласман на СП 2022, македонската репрезентација ќе треба да игра без Елиф Елмас и Тихомир Костадинов. Двајцата имаат по два жолти картони и нема да може да му помогнат на тимот.

Елмас, кој е стандарден стартер и сигурно ќе играше во баражот од прва минута, жолтите картони ги доби на двата меча, кои се историски за македонскиот фудбал и на кои фудбалерот на Наполи даваше победнички голови. Тоа се гостувањето кај Германија и вечерашниот меч со Исланд во Скопје, кога Елмас ги даде клучните голови.

Ривалот за првиот бараж-меч на којшто ќе гостува Македонија, ќе го добиеме во Цирих на 26 ноември, на ждрепката која е со почеток во 17 часот. Засега можни ривали ни се Португалија и Русија.

- Оглас -

Најнови вести