Елмас ќе даде сигнал за рестартирање на фудбалот во Италија – Серија А продолжува на 20 јуни

Елиф Елмас ќе даде сигнал за рестартирање на фудбалот во Италија и нашиот репрезентативец прв ќе истрча на терен по пауза од над три месеци, и тоа на 13 јуни, кога со Наполи ќе го игра реванш-дуелот од полуфиналето на Италијанскиот куп.

Седум дена подоцна, односно на 20 јуни ќе се врати и Серија А на сцена со мечевите од 27-мото коло, прво по пандемијата со ковид-19 што ја тресе Чизмата.

Дербито на колото ќе биде мечот меѓу Аталанта и Лацио, а сите дуели се закажани за 20 јуни од 18 часот.

Претходно Елмас и неговите соиграчи ќе се обидат да ја материјализираат предноста од 1:0 против Интер на својот стадион во Неапол и да се пласираат во финалето на Купот.

Тој меч ќе се игра на 13 јуни од 18 часот, а во истиот термин во Торино ќе почне и второто реванш-полуфинале, каде што Јувентус и Милан ќе почнат без предност, откако првиот меч заврши нерешено 1:1.

Еве ги двојките за 27-мото коло на 20 јуни, кое ќе биде прво по пауза од над три месеци:

Рома – Сампдорија, Аталанта – Лацио, Болоња – Јувентус, Фиорентина – Бреша, Џенова – Парма, Интер – Сасуоло, Лече – Милан, СПАЛ – Калјари, Торино – Удинезе, Верона – Наполи.

- Оглас -

Најнови вести