Елмас од првата минута на теренот против Аталанта

Елиф Елмас ќе биде стартер за Наполи во возвратниот дуел против Аталанта во полуфиналето од Купот на Италија.

Македонскиот дијамант повторно ја доби довербата од тренерот Гатузо, а тој со сигурност ќе го даде максимумот за да ѝ помогне на екипата да дојде до позиција да го брани пехарот.

Првиот дуел во Неапол заврши без голови, што значи дека вечерва во Бергамо ќе се одлучи противникот на Јувентус во финалето кое е закажано на 19 мај.

Аталанта (3-4-1-2): Голини, Толој, Паломино, Џмсити, Госенс, Де Рон, Фрулер, Сутало, Песина, Муриел, Запата.

Наполи (4-3-3): Оспина, Ди Лоренцо, Рахмани, Максимовиќ, Хисај, Бакајоко, Зјелински, ЕЛМАС, Лозано, Осимен, Инсиње.

- Оглас -

Најнови вести