Викенд што ќе го памети – Елмас утре пристигнува во Неапол, во сабота оди на медицински преглед

Елиф Елмас се сели во Наполи за сума од околу 16 милиони евра, а ќе допатува најпрво во Рим, и тоа утре, а потоа ќе пристигне и во Неапол, каде што ќе биде подложен на стандардните медицински прегледи, објави „Калчомеркато“.

Според познатиот италијански медиум, во сабота наутро ќе има и стандардни медицински прегледи за Елмас, а потоа ќе има и официјална промоција како нов играч на Наполи.

Еден од најталентираните македонски играчи ќе потпише петгодишен договор со Наполи, вреден 16 милиони евра, со што ќе стане и играчот со највисок трансфер во историјата на нашиот фудбал.

Вчера Наполи се согласи да го продаде Марко Рог, и тоа за сума од 15 милиони евра, а Хрватот ќе оди во Калјари. Тоа беше еден од условите за да се комплетира и трансферот на Елмас во клубот од Неапол.

- Оглас -

Најнови вести