Ембид прави чуда што повеќе од 50 години не се видени во НБА

Џоел Ембид, центарот на Филаделфија, е во животна форма, а тоа на тимот засега му го носи шестото место на Истокот, последно кое води директна позиција во плејофот. Филаделфија има три победи во последните четири меча, а Ембид едноставно е незадржлив.

На последните четири меча, Ембид постигнуваше 50, 40, 38 и 42 поени. На тие четири меча вкупно има дадено 170 поени само за 128 минути поминати на теренот. Тоа му дава просек од 1,32 поени по минута, просек каков што во НБА е забележан еднаш во историјата.

Тоа било во далечната 1951 година, период кога во НБА доминираше Вилт Чемберлен.

Ембид сезонава има најдобар просек во кариерата, и тоа 29 поени по меч со 38 отсто прецизност за три поени. Има и просек од 10,8 скокови, 4,3 асистенции и 1,8 блокади по натпревар, па најмногу по негова заслуга „76-ките“ се со биланс од 28 победи и 19 порази.

- Оглас -

Најнови вести