Ембид сврте нов лист во кариерата, почна да се кара со соиграчите (Видео)

Џоел Ембид е еден од најголемите кавгаџии во НБА лигата, но ноќеска го сврте листот и имаше вербален дуел со својот соиграч Шејк Милтон.

Центарот на Филаделфија и најголема ѕвезда во тимот очигледно беше незадоволен од двете грешки во серија на бекот на 76-те и му дофрли нешто и на теренот и потоа на тајм-аутот.

Милтон беше очигледно изнервиан од односот на Ембид, но соиграчите спречија вербалниот дуел да се претвори во физички контакт.

Ембид имаше дузина вакви испади и кавги со останатите играчи во НБА, а еднаш влета и во физичка пресметка со Карл Ентони Таунс од Минесота.

Филделфија ноќеска загуби од Индијана пејсерс во дербито на Источната конференција, а и буквално ги растури Ти-Џеј Ворен со 53 поени и 9 погодени тројки од 12 обиди.

- Оглас -

Најнови вести