Емитувана првата епизода од серијалот по повод 80 години КК Работнички

На Јутјуб каналот на Кошаркарскиот клуб Работнички емитувана е првата епизода од видео-серијал по повод 80-годишнината од постоењето на клубот кој првиот меч го има одиграно на Илинден во 1946 година, а многу легенди говорат по повод големиот јубилеј.

Работнички одигра 18 сезони во лигата на некогашна Југославија, има освоено најмногу шампионски титули (15) во независна Македонија, пред точно 50 години настапи во полуфиналето на Купот Радивој Кораќ, има 10 триумфи во Купот на самостојна Македонија…

Со љубов и труд се изработени многу стотици часови во овој серијал што, со големо задоволство, интензивно го подготвува исклучително посветена и вредна новинарска екипа во која се четворица ентузијасти: Тадеј Здравкоски, кој е уредник, продуцент и едитира, потоа неговиот татко познат новинар Живко Здравкоски, кој ги води разговорите, Михаил Јосифовски, и Даниел Зарев.

Првата епизода, вчера, беше со Драган Радосављевиќ, врвен кошаркар на Работнички од златната генерација и капитен на младата репрезентација на СФРЈ од 1970 година.

За утре е предвидено емитувањето на втората епизода со првиот капитен на македонската А-репрезентација Јорданчо Давитков, кој 14 години беше капитен на Работнички, а беше и негов трофеен тренер.

Има разговори и со Александар Књазев, Митко Луковски, Христо Ѓорѓевски, Марин Докузовски, Марко Ивановиќ, Горан Вукадиновиќ, Тони Симиќ, Емил Рајковиќ, Диме Тасовски, Борис Нешовиќ, Владимир Филиповиќ, Владимир Мирковски, Андреј Шошкиќ. Соговорници се и јавни личности љубители на Работнички: Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, фудбалерот Дарко Панчев, музичарот Влатко Стефановски, Проф. д-р Љубомир Кекеновски, елитниот член на светската модна индустрија Мики Црнокрак.

Заинтересираните може да ја проследат првата епизода со кликнување ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести