Емотивниот Стефан Ристовски се расплака среде интервју потсетувајќи се на финишот во Тбилиси (Видео)

Македонскиот репрезентативен бек Стефан Ристовски даде интервју за телевизијата на ФФМ и емотивно ги раскажа моментите на најголема радост кога сфати дека се пласирале на Европско првенство.

„Бев заменет пред крајот, судијата покажа 4 минути продолжение и си реков дали е ова реално, само четири минути до Европско. Кога свирна крај, право истрчав кај Горан. Имам некои црни точки, беа измешани емоции, дали да плачеш, дали да се радуваш. Стадионот во Скопје беше постојано празен. Го имам допрено дното со репрезентацијата, а стигнав до ЕП. Горд ќе бидам до крај на животот“, рече Ристовски, кој не можеше да ги запре солзите.

Интервјуто може да го погледнете тука.

- Оглас -

Најнови вести