Емотивно беше денес на „Етихад“ во последното 38-мо коло од Премиер лига, каде Манчестер сити загуби од Астон Вила со 2:1.
Сепак, резултатот остана во втор план бидејќи ова беше последен натпревар на Пеп Гвардиола на клупата на „граѓаните“.
Шпанскиот стратег неодамна потврди дека по крајот на сезоната го напушта клубот, каде помина десет години и освои сè што можеше да се освои.
Во еден момент ниту самиот Гвардиола не можеше да ги задржи емоциите и заплака, а солзи пушти и Бернардо Силва, кој исто така го одигра својот последен натпревар за Манчестер сити.
Силва сезонава ја носеше капитенската лента и имаше важна улога во враќањето на тимот на посакуваното ниво по падот во формата минатата година.
Португалскиот репрезентативец уште во јуни минатата година, за време на Светско клупско првенство, најави дека ова најверојатно ќе му биде последна сезона во клубот, иако официјална потврда немаше.
Во дресот на Манчестер Сити помина цели девет години.

