Португалија продолжува да го живее мундијалскиот сон во САД, Канада и Мексико. Тимот се пласираше во осминафиналето на турнирот, откако во неверојатен меч со 2:1 ја победија Хрватска.
Ова сега е ден за радост на Португалија, но фудбалерите не заборавија на тоа што се случи пред точно една година. На 3 јули 2025 година, се случи трагедија не само за португалскиот туку и за светскиот фудбал. Во сообраќајна несреќа загина репрезентативецот на Португалија Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Двајцата патуваа со автомобил, кога при голема брзина, пукна една од гумите на автомобилот и тој излета од патот, се судири и се запали.
Сега, точно на годишнина од таа трагедија, Португалија е на Светско првенство и ја победи Хрватска. Португалците едноставно не го заборавија Жота и со дресот со бројот 21 кој го носеше Жота во националниот тим, покажаа дека тој и сега е со нив во мислите и срцата.
Portugal team pay tribute to Jota on his death anniversary
by
u/No-Independent2522 in
soccer

