Енди Мареј со победа му се врати на тенисот

Енди Мареј се врати на тениските терени со победа на Квинс турнирот во Лондон. Британецот заедно со аргентинскиот тенисер Фелицијано Лопес ги совладаа Роберт Фара и Хуан Кабал со 2-0 во сетови (7-6, 6-3) во првото коло во двојки. Мареј последен пат се појави на Отвореното првенство на Австралија во јануари годинава, а по раната елиминација замина на нов оперативен зафат и му беше вграден метален колк.

Ова му беше прв официјален натпревар, па добро е да се види дека некогашниот светски рекет број 1 полека му се враќа на тенисот.

„Се чувствував фантастично, уживав во секој момент од мечот. Малку бев спор на почетокот, но како што одминуваше времето, се прилагодив на темпото. Иако немав нервоза пред средбата, ме фати трема само што излеговме на теренот. Но, јас обожувам да играм на овој турнир, ова е одлично место за тенис“, истакна Мареј по победата.

- Оглас -

Најнови вести