Енрике ја шокира Шпанија: Рамос нема да игра на Мундијалот во Катар, Фуријата со отпишаните сигурно би се борела за титула (Фото)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике, денеска го објави списокот од 26-мина играчи со кои ќе настапи на претстојното Светско првенсто во Катар и на него го нема легендарниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Иако претходно, кога го објави поширокиот список на играчи, денеска Енрике со објавата на конечниот список ја крена шпанската јавност на нозе бидејќи на него го нема Серхио Рамос, кој игра одлично сезонава во дресот на ПСЖ и неговото изоставување предизвика шок во земјата на поранешниот светски шампион.

Енрике исто така одлучи да изостави уште неколку фудбалери кои во минатите години беа стандардни репрезентативци. Со звучните отпишани имиња сигурно е дека Енрике може слободно да состави уште еден тим кој би се борел за титуата.

Во Катар нема да играат фудбалери како: Давид де Хеа, Тијаго Алкантара, Марко Алонсо, Кепа, Кукурелја, Белерин, Фабијан, Каналес, Жерар Морено, Аспас…

Селекторот најголема доверба има во фудбалерите на Барселона, од каде што повика дури седуммина играчи, додека од редовите на европскиот и шпански шампион Реал Мадрид има само двајца играчи, Дани Карвахал и Марко Асенсио.

Голмани: Унај Симон, Давид Ража, Роберт Санчез.
Одбрана: Пау Торес, Жорди Алба, Хозе Гаја, Уго Гилијамон, Ерик Гарсија, Сесар Аспиликуета, Дани Каравахал, Ејмерик Лапорте.
Среден ред: Серхио Бускетс, Родри, Педри, Коке, Гави, Карлос Солер, Маркос Љоренте.
Напад: Пабло Сарабија, Нико Вилијамс, Марко Асенсио, Алваро Мората, Ансу Фати, Жереми Пино, Феран Торес, Дани Олмо.

- Оглас -

Најнови вести