Енрико му кажа „да“ на Јуве во име на син му, но се прашува и Фиорентина

Таткото на Федерико Кјеза, легендарниот Енрико, наводно се договорил со Јувентус околу трансфер на неговиот син. Сепак, Бјанконерите треба да се договорат и со Фиорентина која пак преферира да го продаде својот бисер на Интер или евентуално на Манчестер јунајтед.

Италијанските медиуми тврдат дека иконата на Фиорентина, Енрико Кјеза, прифатил син му да го облече црно-белиот дрес при договор од пет милиони евра годишна заработка. Виолетовите досега одбиваа да му дозволат на Кјеза да се пресели во Торино, откако Старата дама претходно од „Артемио Франки“ ги пазареше Федерико Бернардески и Роберто Баџо во минатото, а за Јуве да ги добие услугите на Федерико, треба да издвои до 60 милиони евра.

Пред прекинот на сезоната во Серија А, Кјеза запиша 26 настапи за Виолетовите во кои забележа седум гола и пет погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести