Еспањол се намерачил да донесе македонски фудбалер

Енис Барди е на цел на Еспањол. Според најавите, каталонскиот клуб е подготвен да плати за да го доведе македонскиот репрезентативец. Еспањол е подготвен да плати 10 милиони евра за Барди, но Леванте бара 15 милиони евра за да се откаже од услугите на еден од најстандардните играчи во екипата.

Барди е вториот македонски репрезентативец за кого Еспањол се интересира летово. Пред неколку дека беше потврдено дека тимот од Барселона сакал да го доведе голманот на Рајо Валјекано, Столе Димитриевски. И во овој евентуален трансфер има разлика во цената која Рајо ја бара и сумата која Еспањол ја нуди.

 

- Оглас -

Најнови вести