Естонците се жалат дека Македонците им го „ѕиркале“ тренингот

Репрезентацијата на Естонија имаше затворен тренинг во „Борис Трајковски“, но во еден период од тренингот се поклопи и прес-конференцијата на селекторот Александар Тодоров и центарот Бојан Крстевски, па помошникот селектор на гостите се жали дека Македонците, веројатно мисли на новинарите, од зад завесите ѕиркале што се случува на теренот и повремено го гледале тренингот кој не сакаа да им го гледа никој бидејќи тренираа тактика.

Еден естонски новинар беше на пресот и веројатно на своите им пренесе дека сепак освен кратко љубопитно ѕиркање, немаше ништо друго, па во естонските медиуми коректно известија дека немало снимање на тренингот со камера.

Естонците се храбрат со тоа дека последните гостувања во „Борис Трајковски“ им биле победнички, на репрезентативно (во 2017 во претквалификациите за СП 2019 победија со 80-76) и на клупско ниво (Калев го победи Карпош Соколи), но потсетуваат и на дебаклот кој го доживеаја во старата сала „Јане Сандански“ во 2008 година од 45 поени разлика, кога воздухот мирисал на цигари и температурата била висока.

- Оглас -

Најнови вести