Еуфорија на сплитскиот аеродром, најдобриот играч на Хајдук пееше: „Го мразам Динамо, тоа е српско име“(Видео)

Победата на Хајдук од 2-0 во Загреб против Динамо ги вмешува сплитските Били во битка за титула во хрватската лига, имаат три бода помалку од водечката Риека и тоа донесе голема радост кај фановите.

Играчите на Хајдук, меѓу кои и нашиот Јани Атанасов, беа пречекани од бројни навивачи на аеродромот во Сплит за заедничка прослава на триумфот над лутиот ривал, а прославата продолжи и пред стадионот „Пољуд“.

Хајдук по доаѓањето на тренерот Валдас Дамбраускас, има пет победи по ред.

Јунакот на средбата, Марко Ливаја, кој е најдобар играч на Хајдук, беше креван на раменици, а и тој се придружи кон скандирањето: „Го мразам Динамо, тоа е српско име“.

- Оглас -

Најнови вести