Еве зошто е опасно Ел Класико да се игра во Барселона (Фото)

Најголемото дерби во светот, тоа меѓу Барселона и Реал Мадрид, сè поизвесно е дека нема да се одигра во предвидениот термин, на 26 октомври, на „Камп ноу“. Веќе два дена дилемата е дали Ел Класико треба да се игра во градот кој веќе неколку дена е претворен во „воена зона“.

Граѓаните во Барселона се излезени на масовни демонстрации против одлуката за казната која ја добија каталонските политичари. Во вечерните часови демонстрациите кулминираат, па синоќа на повеќе места во градот буквално градот гореше.

Со молотови коктели се палеле автомобили, контејнери…, а полицијата едвај успевала да се справи со демонстрантите, па морало да бидат употребени и гумени куршуми.

Од Шпанската федерација понудија промена на домаќинството. Првиот меч да се игра во Мадрид, а реваншот кој треба да биде во март 2020 година да се игра на „Камп ноу“, но тоа беше неприфатливо за Каталонците. Втората опција, која е многу поверојатно дека ќе биде прифатена е дуелот закажан на 26 октомври да се откаже.

Доколку тоа се случи, треба да се најде соодветен термин кој ќе одговара на двата клуба. Се посочува дека таков датум е 18 декември (среда). Засега нема официјални одлуки за судбината на следното Ел Класико, а останува да се види како ќе се одвива ситуацијата со демонстрациите во следните неколку дена.

- Оглас -

Најнови вести