Евертон го откупи Гомеш за 22 милиони фунти

Андре Гомеш и официјално е нов фудбалер на Евертон, откако тимот од „Гудисон парк“ го откупи неговиот договор од Барселона за сума од 22 милиони фунти (25 милиони евра). Португалскиот репрезентативец минатата сезона беше позајмен од редовите на шпанскиот првак, а денеска потпиша петгодишен договор со Карамелите.

„Среќен сум што пристигнав тука, без размислување прифатив да ги бранам овие сини бои во наредните пет години. Евертон вршеше големи напори да ме ангажира и мило ми е што се оствари овој трансфер. Минатата сезона беше добро искуство за мене, Премиер лигата е една од најквалитетните лиги во Европа и со нетрпение ја чекам новата сезона“, истакна Гомеш при потпишувањето на договорот.

Гомеш минатата сезона запиша 27 настапи во Премиер лигата на кои постигна еден гол и една асистенција.

- Оглас -

Најнови вести