Евра откри како изгледал првиот разговор со сер Алекс: Како да ме испрашуваше ФБИ, а не Фергусон

Поранешниот француски фудбалер Патрис Евра откри како изгледал неговиот прв разговор со легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон.

Евра во 2006 година на маса имаше две понуди, од Манчестер јунајтед и од Ливерпул, а клучниот момент по кој одлучил да се пресели на „Олд Трафорд“ се случил на аеродромот во Париз, „Шарл де Гол“.

„Се видовме на аеродромот, сер Алекс, Дејвид Гил, јас и мојот менаџер. Сер Алекс не зборуваше француски јазик, мојот англиски не беше добар, па мојот менаџер преведуваше. Се сеќавам на прашањата кои ми ги поставуваше сер Алекс: Дали пиеш? Не. Дали излегуваш навечер? Понекогаш. Дали си подготвен никогаш да не загубиш натпревар? Да, сум. Дали си подготвен да не смееш да одиграш нерешено? Да, сум… Се чувствувам како да ме испрашува ФБИ. И кога се ракувавме, си помислив: Подготвен сум, ако го изневерам овој човек – ќе ме убие“, изјави Евра во поткастот „Вајб“, кој го води неговиот поранешен соиграч од Јунајтед, Рио Фердинанд.

 

- Оглас -

Најнови вести