Европската унија не дозволи ограничување на провизицијата на фудбалските агенти

Судот во Дортмунд привремено и забрани на фудбалската федерација на Германија да ги спроведува новите правила на ФИФА за ограничување на провизиите на агентите за трансфери на фудбалерите.

Во декември минатата година, ФИФА донесе одлука, агентите да бидат лиценцирани на територијата на фудбалската федерација каде што ќе го договорат трансферот и во исто време ја ограничи процизијата на три отсто за агентите кои претставуваат играч или клуб што купува фудбалер, а шест проценти ако ги претставуваат двете страни и најмногу десет проценти со согласност на сите учесници во трансферот.

На овие одлуки на ФИФА се спротивставија агентите Ралф Бокстед и Мајкл Френк кои во Апелацискиот суд во Дортмунд поднесоа жалба, наведувајќи дека правилата на ФИФА се спротивни на ограничувањата против конкуренцијата и го прекршуваат членот 101 од Договорот за функционирање на Европската унија.

Судот во Дортмунд ја уважи жалбата, но не ја поништи одлуката на ФИФА. Со пресудата, новите прописи на ФИФА беа суспендирани за територијата на Германија и беа проследени до Европскиот суд на правдата на понатамошно разгледување.

Со ограничување на провизиите, ФИФА се обиде да го намали одливот на пари од фудбалот, кој за време на трансфер периодите се повеќе се слева на сметките на агентите. Податоците од 2012 година открија дека агентите собрале 400 милиони евра провизии во двата преодни рока. До 2019 година, сумата е зголемена на 570 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести