Европски гигант се вклучува во трката по потписот на Меси?

Договорот помеѓу Меси и ПСЖ истекува за еден месец, а нов нема да биде потпишан. Аргентинецот најверојатно налето ќе избира помеѓу Ал-Хилал и Барселона, но сега еден друг европски тим се вклучува во борбата за неговиот потпис.

Американскиот сопственик на Челзи, Тод Бојли, сака да го доведе Меси и да изгради моќна екипа бидејќи неговиот клуб оваа сезона игра далеку од очекувањата.

Челзи финансиски може да понуди повеќе од Барселона, но далеку под она што го нудат Арапите. Сепак, голем проблем за екипата од Лондон може да биде тоа што нема да игра во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести