Европскиот првак Ливерпул почна да реди порази (Видео)

Втор меч против поквалитетен противник во подготовителниот период и втор пораз за Ливерпул. Актуелниот европски владетел ноќеска со 2:1 загуби од Севилја во мечот одигран на неутрален терен во Бостон. Претходно Ливерпул со 3:2 беше поразен и од Борусија Дортмунд.

Севилја дојде во водство со голот на Нолито во 37-мата минута, а пред крајот на првиот дел израмни Ориги. Англискиот гигант беше без најголемите ѕвезди Садио Мане и Мохамед Салах, кои имаат слободни денови поради нивните настапи на Африканскиот куп на нациите.

На почетокот на второто полувреме, двата тима речиси целосно ги сменија составите, а победата на Севилја дојде со гол во 90-тата минута, кога Поцо погоди за 2:1. Шпанскиот тим мечот го заврши со играч помалку поради црвениот картон што го доби Јорис Гнагнон по крвничкиот старт врз Јасер Ларуци.

https://youtu.be/Tl5ukWSxcyE

- Оглас -

Најнови вести