Европскиот првак Вардар го чека пеколна задача во групната фаза од ЛШ

Македонскиот ракометен гигант Вардар ги доби противниците за групната фаза за следната сезона во Лигата на шампиони. „Црвено-црните“ ќе ја имаат улогата на бранители на европскиот трон, откако пред помалку од еден месец, Вардар во финалето на ЛШ го победи Веспрем (27:24) на фајнлфор турнирот во Келн.

Походот кон третата европска титула Вардар ќе ја започне во групата Б каде за противници ќе ги има: Веспрем, Келце, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Монпелје, Порто, Кил.

Во A групата ќе играат: ПСЖ, Барселона, Флензбург, Алборг, Сегед, Загреб, Елверум, Целје.

Македонија ќе има и втор преставник во ЛШ, а тоа е Еурофарм Работник. Битолчани ќе бидат во групата Ц, а за тоа кои се противниците на Еурофарм прочитајте ТУКА.

Новата сезона во ракометната Лига на шампиони ќе започне на 11 септември.

 

- Оглас -

Најнови вести