Европските репрезентации станаа кошмар за Бразил на Мундијалите

Бразил не успеа да го повтори успехот од претходното Светско првенство кое се играше во САД, кога стигна до трофејот во 1994 година. Овојпат Кариоките многу порано си заминуваат дома, по осминафиналната пресметка против Норвешка.

Иако делуваа како фаворити, Бразилците на крајот загубија со 1:2 и сега повеќе од две и пол децении остануваат да сонуваат за нова светска радост. Последен пат на планетарниот трон беа во 2002 година на турнирот кој се играше во Јапонија и Јужна Кореја.

Од таа 2002 година кога до трофејот стигнаа со историски седум победи во седум натпревари, почнува кошмарната низа за Бразил. Ова е седмо Светско првенство на кое петкратниот светски првак е елиминиран од европска репрезентација. Едноставно, Кариоките не можат да им парираат на Европејци.

Еве како изгледаше крајот на Бразил на последните седум СП.

СП 2006: пораз во четвртфиналето од Франција со 0:1

СП 2010: пораз во четвртфиналето од Холандија со 1:2

СП 2014: пораз во полуфиналето од Германија со 1:7

СП 2014: пораз во мечот за трето место од Холандија со 0:3

СП 2018: пораз во четвртфиналето од Белгија со 1:2

СП 2022: пораз во четвртфиналето од Хрватска 1:1, на пенали со 2:4

СП 2026: пораз во осминафиналето од Норвешка со 1:2.

- Оглас -

Најнови вести