Европското првенство за жени е новиот предизвик за обложувачите

Европското првенство за кошаркарки во Србија и Летонија почнува денеска, а прв меч на програмата е оној помеѓу Шведска и Црна Гора од 12 часот. Швеѓанките во квалификациите за ова ЕП, беа во група со Македонија.

Во првата фаза, две групи ќе се играат во Летонија (во Рига), а две во Србија (во Ниш и Зрењанин). Најдобрите селекции од секоја група одат во четвртфинале, а вторите и третите ќе играат осминафиналиња. Завршницата на ЕП се игра во белградската Арена. Првенството ќе трае до 7 јули.

Титулата од преклани ја брани Шпанија. Европските првенства за жени се непредвидливи, од последните 12 шампионати, прваци беа осум различни земји. Последен тим кој ја одбранил титулата беше некогашнниот СССР во 1991 година.

Од 16-те земји учесници, 14 играа и пред две години, а новаци се Шведска и Велика Британија. На Србинките кои беа шампионки во 2015 година, нема да им се допадне податокот дека 18 години не се случило домаќинот да биде на највисокото место на подиумот.

За тие прогнозери кои сакаат да типуваат на поени, потсетување дека од 2003 година не се случило некоја селекција да даде 100 поени на ЕП. Последен тим кој успеа беше Украина, која и сега има ѕвезда во тимот, Алина Јагупова.

Маскотите на првенството се викаат „Пик“ и „Рол“ со што можеби се најавува дека на ЕП голем дел од нападите ќе бидат во игра „два на два“ или „пик енд рол’.

- Оглас -

Најнови вести