Фабио Фоњини е новиот тениски принц на Монако

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини, е победник на Мастерс турнирот во Монте Карло, откако во денешното финале го совлада Србинот Душан Лајовиќ со 6-3, 6-4.

За Фоњини, ова е најголем успех во кариерата, а финалето во кое се очекуваше да играат Надал и Ѓоковиќ, но тоа не се случи, траеше 96 минути. Лајовиќ пропушти шанса за првпат да влезе меѓу 20-те најдобри тенисери на светската ранг листа, но и самиот пласман во финалето за него е најголем успех во кариерата. Фоњини на најновото рангирање ќе биде 12-ти на АТП листата.

Сензационалниот Фоњини беше 13-ти носител, и тој е најниско рангираниот играч во последните 20 години кој го освои Мастерсот на земјените терени во Монте Карло. Искусниот Фоњини кој има 31 година, до пред овој турнир немаше победа на земја над Топ 50 тенисер, а на патот до пехарот го елиминираше третиот Зверев и вториот носител Надал. Последен Италијанец кој победи во Монте Карло беше Никола Пјетранџели во далечната 1968 година.

- Оглас -

Најнови вести