Фабио Куентрао ќе потпише за „црно-белите“ од нашето соседство

Португалецот Фабио Куентрао, кој своевремено го носеше дресот и на Реал Мадрид, следниве денови би требало и официјално да стане член на солунски ПАОК.

Преговорите биле во завршница и 31-годишниот лев бек наскоро би можело да го облече црно-белиот дрес на грчкиот првак. Тренерот на ПАОК, Абел Фереира, е Португалец, а во составот веќе има еден негов сонародник, Виеириња.

Куентрао, кој кариерата ја почна во Бенфика, од каде што премина во Реал, играше и за Монако, Спортинг Лисабон и Рио Аве, а има и 52 настапи за португалскиот национален тим. Во ПАОК се свесни дека тој не е во истата форма како кога беше во Реал или Бенфика, во минатата сезона играше 23 меча и имаше пет асистенции, па затоа биле претпазливи околу договорот.

- Оглас -

Најнови вести