Фабрегас на мака: Жена ми не сака да правиме деца, дајте предлог која серија да ја гледам?

Коронавирусот го запре спортот во речиси целиот свет, а под голем знак на прашалник се и Европското првенство во фудбал и Олимписките игри во Токио, двата најважни настани кои требаше да се одржат летово.

Некогашниот играч на Барселона, Арсенал и Челзи, а сегашен на Монако, Сеск Фабрегас, на Твитер се пожали дека без фудбалот, животот му е здодевен.

„Мора да останеме дома некое време, а сопругата (засега) не сака да направиме деца. Може ли да ми препорачате за гледање некоја серија која трае барем четири сезони?“ – се пошегува Фабрегас кој има 32 години, 12 помалку од жена му Даниела која има либанско потекло.

Фудбалерот и Даниела имаат три деца. Даниела има уште две деца од првиот брак со Ели Тактук. Во 2011 година, Ели преку весници дознал дека жена му го изневерува со шпанскиот фудбалер со кого биле видени на летување.

„Сеск е будала. Таа го завела и ќе го остави во истиот момент кога ќе му снема пари или слава“ – изјави Ели пред некоја година.

- Оглас -

Најнови вести