Фабрегас сакаше да ги поздрави соседите, па доби сочна пцовка (Видео)

Шпанскиот репрезентативец Сеск Фабрегас беше непријатно изненаден од еден од своите соседи во Монако. Фабрегас веќе четврти ден е во изолација и се обиде да влее позитивна енергија кај своите соседи кои се во иста ситуација поради пандемијата со Коронавирусот.

Шпанецот излезе на својот балкон и на цел глас се развика „Добро утро соседи“. Наместо позитивна реакција, Фабрегас неочекувано доби сочна пцовка од другата страна „Е*и се“. Прво Фабрегас делуваше збунето, а потоа возврати со иста мерка „Е*и се и ти, е*и се и ти“, се развика Фабрегас, кој целата ситуација ја објави на својот твитер-профил.

- Оглас -

Најнови вести