Фатен како го слави погодокот на противникот, но тој има објаснување (Видео)

Шефилд вензди синоќа загуби од Нотингам форест со 2:0 во меч од 19.-тото коло на англискиот Чемпионшип. Со овој пораз, Шефилд остана на дното на табелата само со девет освоени бода, но тоа што посебно ги налути фановите на овој клуб е однесувањето на дефанзивецот Мосес Одубаџо.

Десниот бек на Шефилд беше обвинет дека славел по еден од двата гола на противникот. Навивачите на Шефилд се лути кога видоа на преносот како Одубаџо „му честита“ на стрелецот на голот за Нотингам, Гребен. Обвинетиот играч има објаснување за целата ситуација.

„Поразот е фрустрирачки за мене и за целиот тим. Никогаш не би му честитал на противник што дал гол на мојот тим. Му реков на Гребен дека нема шанси да му го признаат голот затоа што направи фаул. Се насмеав мислејќи дека голот нема да биде признат. На дното сме од табелата, а никој во клубот не сака да испаднеме. Видеоснимките може да бидат погрешно протолкувани и се надевам дека навивачите ќе немаат сомнеж околу мојот однос во клубот“, рече обвинетиот Одубаџо.

 

- Оглас -

Најнови вести