Барселона убедливо со 3:0 ја победи Мајорка во меч на кој блесна Ансу Фати со два гола, но сепак во фокусот беше простувањето на две големи легенди на каталонскиот гигант. Жорди Алба и Серхио Бускетс последен пат играа на „Камп Ноу“ во дресот на Барселона.
Алба во каталонскиот гигант помина 12 години, додека Бускетс целата досегашна кариера го носеше дресот само на Барселона и вкупно одигра 722 средби и освои неверојатни 32 трофеи.
Фати даде гол по само 49 секунди од почетокот на мечот и тој е вториот најбрз погодок постигнат од играч на Барселона на свој терен во 21 век, по голот на Андрес Иниеста во 2009 година кога даде гол за 43 секунди. Фати погоди за 2:0 во 24 минута, а Гави кој треба да е иднината на клубот погоди за 3:0 во 70 минута.

