Фати со гол се врати по 11 месеци пауза, Барса живна без Куман на клупата (Видео)

Ансу Фати се врати на терен по 11 месеци пауза и беше дочекан со овации од навивачите на Барселона, кои прославија и победа од 2:0 против Леванте.

За да биде моментот за паметење, новата десетка на Барселона постигна и гол во финишот на мечот, во првиот настап од лани во октомври, кога се повреди и потоа мина низ три операции на коленото.

Голот на Фати во 91. минута можете да го погледнете ОВДЕ.

На првиот меч без казнетиот Роналд Куман на клупата, Каталонците брзо ги разрешија сите дилеми околу победникот до 14. минута. Рано голови постигнаа Мемфис Депај во шесттата минута и потоа и Френки Де Јонг осум минути подоцна.

Ова е првпат од 2009 година двајца Холанѓани да погодат на ист меч во Ла Лига, а пред нив Клас Јан Хунтелар и Арјен Робен беа стрелци за Реал Мадрид во градското дерби со Атлетико.

https://www.reddit.com/r/soccer/comments/pvvohu/optajose_on_twitter_2_two_different_dutch_players/?utm_source=share&utm_medium=web2x&context=3

На клупата на Барселона денеска не беше Роналд Куман, поради суспензијата од два меча, а веќе го одработи првиот, откако доби црвен картон на дуелот со Кадис.

И без него Каталонците лесно победија, во меч што ќе се памети по кам-бекот на Ансу Фати. Новата дестетка на Барселона влезе во игра во 81. минута и веднаш постигна гол.

Поради повреда на мускулот во составот на Леванте повторно го немаше нашиот репрезентативец Енис Барди.

 

 

- Оглас -

Најнови вести