6.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Фаворитите без грешка: победи на Јувентус, Баерн, Ливерпул, Барселона, Челзи, Њукасл

Екипите кои ја имаа фаворитската улога пред почетокот на вечерните дуели во Лигата на шампионите успешно си ја завршија работата. Јувентус во Торино со 2:0 славеше над Бенфика, и тоа благодарение на головите на Тирам и Мекени во второто полувреме. На свој терен победи и Челзи против Пафос, но многу потешко од очекувањата. Лондонскиот тим го скрши отпорот на кипарскиот првак дури во 78-мата минута, кога погоди Каиседо.

Баерн во Минхен со 2:0 го победи Ројал Унион, а двата погодоци ги даде кој друг, ако не Хари Кејн, и тоа во 52-рата и во 55-тата минута. Њукасл на свој терен со 3:0 славеше над ПСВ Ајндховен.

На гости успешни беа Барселона и Ливерпул. Каталонскиот гигант со 4:2 славеше во Прага над Спарта, а Ливерпул со 3:0 го победи Олимпик во Марсеј. На гостински терен славеше и Атлетик Билбао кај Аталанта во Бергамо, и тоа со 3:2.

 

 

- Оглас -

Најнови вести