Фаворитите ќе ги остварат своите амбиции

Три квоти на денот кои ви ги нудат обложувалниците Sport Life се дуелите од Премиерлигата, Бундеслигата и Серија А, а како дополнување, ви предлагаме да ги играте и најинтересните денешни мечеви во Франција и Шпанија, па да комплетирате тикет со по еден дуел од сите Топ 5 лиги во Европа.

 

Фулам – Ливерпул (15.15 часот)

Домашните се борат за гол живот и опстанок во Премиер, а целта на Ливерпул е титула и ништо друго. Фулам има шест порази по ред, а во меѓусебните дуели со „црвените“, дома не победил од декември 2011. Сите податоци се на страна на фаворитот, кој ќе сака рано да постигне гол и да покаже дека Фулам нема што да бара. Ливерпул одигра нерешено на претходните три гостувања во Премиерлигата, време е за победа.

Предлог тип: 2 & 0-29 мин. (2.05)

 

Баерн Минхен – Мајнц (18.00 часот)

Баварците не би смееле да ја прокоцкаат оваа прилика да победат и да продолжат да прават притисок врз Борусија Дортмунд, која им бега три бода, и која може да ја стигнат вечерва. Баерн пред три години загуби дома од Мајнц, но од тогаш нема проблем со Мајнц, а сега по испаѓањето од ЛШ, единствена шанса за освојување важен трофеј за Баерн е Бундеслигата, и со сите сили ќе се обиде да дојде до целта.

Предлог тип: Т1 1+I & Т1 3+ (1.80)

 

Милан – Интер (20.30 часот)

„Дерби дела Мадонина“ е еден од најважните мечеви за двата тима, затоа што освен за престиж во Милано, се борат и за место во Лигата на шампионите. Одамна немало толку важно дерби помеѓу Милан и Интер. Разликата е само еден бод, а ако заврши нерешено, ќе се радува и Рома која после киксот, нема многу да заостанува во трката за третото место.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.10)

 

ПСЖ – Олимпик Марсеј (21.00 часот)

Ова е дерби според имињата на клубовите. Разликата во квалитет и бодови (27) е голема, домашните се големи фаворити на хартија. Марсеј загуби седум од последните осум гостувања на „Паркот на принцовите“. Но, Балотели и другарите во последно време играат ефикасно, и би можеле да дадат некој гол, па покрај единицата, може да се игра на 3+ или ГГ.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.45)

 

Бетис – Барселона (20.45 часот)

Ако Барселона победи на ова гостување, не само што ќе му се реваншира на Бетис за поразот есеноска на „Камп Ноу“, туку ќе создаде 10 бода предност пред вториот Атлетико, и ќе дојде на чекор од нова титула. Ова се тимови кои ретко играат нерешено. Бетис пред 11 години за последен пат ја совлада Барселона на свој терен.

Предлог тип: 4+ (2.07)

- Оглас -

Најнови вести