Фаворитите сигурни на стартот од новата сезона во Евролигата

Вечерва започна новата сезона во Евролигата, а во првите пет натпревари славеа фаворитите.

Новата сезона беше отворена со победите на Милано и Реал Мадрид на гости кај Лион Вилербан, односно Панатинаикос.

Милано со 62:69 славеше на гостувањето во Франција, а прво име кај Манекените беше Били Барон со 18 поени, додека два помалку даде Николо Мели.

Реал Мадрид во возбудлив финиш со 68:71 го победи Панатинаикос. Победата на Реал ја обезбеди Серхио Љуљ со тројката на 46 секунди до крајот, кога неговиот тим поведе со 65:71.

Валтер Таварез со 14 и Џанан Муса со 13 поени беа најпрецизни кај Реал, додека во редовите на грчкиот тим се истакна Дерик Вилијамс со 15 поени.

Макаби со 84:83 го совлада Жалгирис, Фенербахче славеше со 62:74 на гостувањето кај Баерн Минхен, додека во шпанската пресметка Басконија како гостин со 81:71 ја совлада Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести