Федерер бара „милионче“, Рафа и Новак се поефтини

Тениските стручњаци кои работат како експерти и аналитичари за телевизијата „Еуроспорт“, открија колку пари бараат најдобрите тројца тенисери на светот за учество на помали турнири од егзибициски карактер, или оние на нивот АТП 500 и АТП 250.

Според Арно Ди Пасквал и Беноа Мајлин, тврдат дека за да се појават на некој турнир, „големата тројка“ Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, од организаторите бараат од 800.000 до 1 милион евра.

„Федерер бара милион евра. Лани играше во Штутгарт и Базел, а годинава се обврза во Дубаи. Во 2018 година, само во Ротердам настапи без финансиски надомест, бидејќи учеството го најави на само два дена пред почетокот на турнирот“ – велат аналитичарите.

Пасквал и Мајлин наведоа дека Ѓоковиќ и Надал се нешто поефтини од Швајцарецот, иако во моментов тие двајца се најдобрите тенисери на светот.

„Надал и Ѓоковиќ бараат околу 800 илјади евра. Поефтини се од Роџер. Но, тие двајца не ги полнат секогаш стадионите, а Федерер го прави тоа. Кога игра Федерер, имате и распродадени билети за турнирот“ – додава Мајлин.

- Оглас -

Најнови вести