Федерер експрес за четвртфинале во Мајами

Роџер Федерер му одржа нова тениска лекција на Данил Медведев, втора во вториот меѓусебен меч и со триумф од 6:4, 6:2 се пласира во четвртфиналето на АТП-турнирот од Мастерс-серијата во Мајами.

Мечот требаше да се игра вчера, но беше одложен поради дожд. Отпорот на Медведев заврши во првиот сет, кој беше поинтересен, но го доби фаворитот и потоа лесно го заврши мечот.

Федерер одигра одличен меч, имаше 21 винер и во следната рунда ќе игра со одличниот сервер Кевин Андерсон.

Претходно, денеска Тифо го победи Гофан, а Шаповалов во дербито на денот со 2-1 го победи Циципас.

- Оглас -

Најнови вести