Федерер го надмина Иванишевиќ, го доби тениското „Ел Класико“ и ќе игра финале на Вимблдон

Роџер Федерер кој наскоро ќе наполни 38 години, ќе биде противник на Новак Ѓоковиќ во неделното финале на Вимблдон. Федерер во 40-тиот меѓусебен дуел против Надал, славеше со 7-6, 1-6, 6-3, 6-4.

Швајцарецот имаше две меч-топки и на противнички сервис во претпоследниот гејм, но не ги искористи, а не ги искористи и наредните две на свој сервис.

Федерер досега има 11 финалиња и осум титули на Вимблдон, а историјата вели дека тој никогаш не ги победил Надал и Ѓоковиќ на еден ист гренд-слем. Победата над Надал му е прва во полуфинале на гренд-слем, а го немаше победено со 3-0 или 3-1 во сетови уште од 2006.

ФЕДЕРЕР УРНА РЕКОРД НА ИВАНИШЕВИЌ

Швајцарецот Федерер собори еден вимблдонски рекорд кој досега беше во сопственост на Горан Иванишевиќ. Федерер во кариерата, има повеќе од 1.398 аса на Вимблдон, и го прескокна легендарниот Хрват кој имаше 1.397 отсервирани асови. Треба да се каже дека Федерер дури 21 години игра на Вимблдон, а сплиќанецот играше на „само“ 15 и според просекот, Иванишевиќ е далеку пред Федерер.

- Оглас -

Најнови вести