Федерер и на 37 години е класа, го декласира Андерсон за час (Видео)

Роџер Федерер експресно само за еден час го декласира Кевин Андерсон и ќе игра во полуфиналето на АТП-турнирот во Мајами. Со 6:0, 6:4, Швајцарецот лесно и убедливо славеше, а ќе има тешка задача на патот кон финалето и ќе треба да го елиминира Денис Шаповалов, тенисер од новиот бран млади и одлични тенисери.

Сепак, според тоа како игра тенис и на 37 години, Федерер е фаворит за нова четврта титула во Мајами. Презентираше врвен тенис, а потегот на мечот, можеби и на целиот турнир, се случи во петтиот гем во првиот сет, кога и двајцата тенисери одиграа одличен поен, но на мрежа Федерер беше поуспешен.

Погледнете.

- Оглас -

Најнови вести