Федерер и Надал победија и си закажаа нов епски дуел

Рафаел Надал по голема борба го победи Карен Хачанов со 2:0 во сетови и на тој начин си обезбеди место во полуфиналето на Индијан Велс. За место во финалето, Шпанецот ќе се бори со најголемиот негов ривал во кариерата, Роџер Федерер. Новата епска битка е закажана за вечерва од 20:30 часот.

Иако победи со 2:0 во сетови, на Надал му беа потребни речиси два и пол часа да го скрши отпорот на Хачанов. Во првиот сет двајцата тенисери направија по еден брејк, па мораше да се решава во тај-брејкот, каде Надал искусно со 7:2 стигна до 1:0 во сетови. Вториот сет беше како копија од првиот. Повторно голема борба, повторно тај-брејк и на крајот, повторно 7:2 за Надал и место во полуфиналето. Претходно, Федерер со 6:4, 6:4 го елиминираше Хуберт Гуркач од Полска.

Во второто полуфинале ќе играат Доминик Тим против Милош Раониќ.

- Оглас -

Најнови вести