Федерер ќе сруши уникатен рекорд

Роџер Федерер не успеа на Вимблдон да го зголеми рекордот по бројот на освоени Гренд слем титули, откако загуби од Новак Ѓоковиќ, во едно од најинтересните финалиња во историјата на овој престижен турнир. И покрај тоа што веќе има 37 години, швајцарската легенда постојано наоѓа нови предизвици.

Федерер прифатил на 24 ноември во Мексико да одигра ревијален меч на кој ќе треба да биде поставен нов светски рекорд по бројот на гледачи. Натпреварот треба да биде во арената за корида „Пласа Мексико“, која собира 41.200 гледачи.

Тоа ќе биде прв меч за Федерер во Мексико. Засега не е познато кој ќе биде ривалот на Швајцарецот, но најважно е тоа да се постави рекорд во светски рамки и да биде првиот меч на кој ќе присуствуваат повеќе од 40.000 гледачи.

Засега рекордот по бројот на гледачи е на дуелот меѓу Ким Клајстерс и Серена Вилијамс. Тие играа ревијален дуел во 2010 година пред 35.000 гледачи.

 

- Оглас -

Најнови вести