Федерер му подари рекет на Надал, Шпанецот го смести во неговиот музеј (фото)

Во музејот на Рафаел Надал ќе има рекет со кој играл неговиот најголем ривал Роџер Федерер. Иако се ривали на тениските терени, Рафа и Роџер се блиски пријатели, па двајцата најтрофејни тенисери пред пет дена се сретнаа во Кејптаун, Јужна Африка, каде што одиграа егзибициски меч за хуманитарна цел пред рекордна публика од 51.954 гледачи.

Токму рекетот кој го користеше Швајцарецот на таа средба му го поради на Надал, со посвета во која пишува: „Рафа, ти благодарам за твојата помош, секогаш најдобар“, со потпис на Федерер. Надал објави фотографија на својот твитер-профил и потврди дека рекетот ќе стои во неговиот музеј.

Инаку, Федерер тој меч го доби со 6-4, 3-6, 6-3, а се собраа повеќе од три милиони долари, средства кои завршија во хуманитарната фондација на Швајцарецот.

- Оглас -

Најнови вести