Федерер на една победа од 100-тата титула во кариерата

Роџер Федерер и Стефанос Циципас ќе играат во финалето на турнирот во Дубаи, а ако триумфира Швајцарецот, ќе стане вториот тенисер во историјата со 100 АТП титули во кариерата. Повеќе трофеи од Федерер има само Џими Конорс кој долгата кариера ја заврши во 1996 година.

Рекордерот по број на гренд-слем титули, загуби од Хрватот Борна Чориќ во претходните два нивни меѓусебни дуели, но денеска беше многу подобар, и славеше со 6-2, 6-2.

Ветеранот Федерер ќе го игра своето десетто финале во Дубаи. Тој го совлада заморениот Чориќ после само 68 минути игра, а на Федерер ова му беше прв триумф над еден играч од топ 20 во 2019 година.

Ривал во утрешното финале во Дубаи ќе му биде младиот Грк Циципас, кој го шокираше Федерер на неодамнешниот Австралијан опен. Циципас во полуфиналето го победи Гаел Монфис со 5-6, 7-6, 7-6. В понеделник кога ќе излезе новата АТП листа, Циципас првпат во кариерата ќе биде меѓу десетте најдобри тенисери на светот.

- Оглас -

Најнови вести