Федерер се враќа на Вимблдон, не како тенисер, туку како коментатор

Рожер Федерер, кој минатата година се пензионира со 20 освоени грен-слем титули, би можел да се појави на Вимблдон годинава, но не како играч, туку како коментатор и стручен аналитичар.

Англиските медиуми пишуваат дека Швајцарецот се наоѓа пред договор со Би-би-си за неговиот ангажман на најпрестижниот тениски турнир. Весникот „Телеграф“ објави дека Би-би-си сака Федерер да биде стручен консултант на Вимблдон.

И самиот Федерер, во говорот по неговиот последен меч кој го одигра на Лејвер купот, истакна дека во иднина може да се види во улога на коментатор на тениски мечеви.

„Можам да се замислам како коментирам мечеви и така можам да му вратам нешто на тенисот. Понекогаш гледам мечеви повеќе поради коментаторите отколку поради самата игра“, изјави тогаш Федерер.

Освен Би-би-си, Федерер бил контактиран и од американскиот спортски канал ЕСПН, и лесно може да се случи да потпише за двата медиума и на Вимблдон да дебитира во новата улога.

- Оглас -

Најнови вести