Федерер спаси две меч-топки пред да победи против Чориќ во Рим

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ пропушти одлична прилика на земјените терени на комплексот „Форо италико“ во Рим да го совлада големиот Роџер Федерер бидејќи во тајбрејкот во третиот сет пропушти две меч-топки против 37-годишниот Швајцарец, кој го играше свјот втор натпревар денеска, откако претпладне го надигра и Португалецот Соуса.

Чориќ го доби првиот сет со 6-2, Федерер врати со 6-4, а во третиот имаше вистинска драма и беше одлучен во тајбрејкот. Чориќ водеше со 6-4, имаше две меч-топки кои не ги искористи, па ветеранот со повеќе од 100 титули во кариерата, успеа да победи со 9-7.

Следен противник на популарниот „Фед-екс“ во четвртфиналето во Рим ќе му биде Циципас или Фоњини.

- Оглас -

Најнови вести